Минов: „Нема кому да давам гласови, јас ќе победам на овие избори“!
Независниот кандидат за градоначалник на Кавадарци Панчо Минов денеска на прес конференција ги демантираше гласините кои кружат меѓу кавдарчани дека во вториот изборен круг ќе му ги дадел гласовите на кандидатот на власта, Александар Панов. Нагласи дека ваквите муабети биле пуштени од неговите опоненти од опозицијата.
„ Прво мене ме потцениле. Јас сум со долгогодишно политичко искуство. Никогаш во моето вршење на јавни работи не сим ги потценувал другите противници, а ни случајно граѓаните кои во вистинска смисла ја дават довербата. На крај памет не ми паѓа на некому да викам, пренесувам или давам гласови, кои граѓаните ми ги дале мене. Јас нема на кој да давам гласоиви, јас ќе победам на овие избори. Ќе ги победам претставницитеи на позицијата и на опозицијата“ нагласи Минов. / А.Д
