Панов ја отвори градинката во Ваташа!

Објавено на 21 март, 2013 во 15:16

Актуелниот градоначалник на Кавадарци и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори, Александар Панов денеска ја отвори детската градинка во селото Ваташа. Објектот каде во наредниот период ќе функционира детската градинка е целосно реновиран, а понатаму ќе се изврши опремување и официјално отворање на вратите, за згрижување на децата од Ваташа.

„Кога дојде до мене идејата за да се реконструира домот во селото Ваташа и да се преадаптира во детска градинка каде можат да се згрижат 50-60 деца веднаш ја прифатив идејата. Ова инвестиција чини околу 2,5 милиони денари, средства обезбедени  од буџетот на општината, а доуредувањето ќе го завршиме со помош на бизнис секторот и Владата. Од Владата очкеуваме и одобрување за неколку нови работни места. Ова е доказ како ги сакаме нашите деца“ рече Панов.

Тој денеска им вети на своите сограѓани дека ќе го продолжел проектот за доизградба на речното корито на реката “Луда Мара“ до Брушанскиот мост, во наредните четири години ќе се извршела целосна замена на азбестно-цементните цевки со ПВЦ, а и сите улици во градот ќе добиеле нов слој на асфалт./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.