Од полноќ, предизборен молк!
Политичките каравани ја изодија Македонија, лидерите на политичките партии ги одржаа говорите, кандидатите за градоначалници се преставија заедно со носителите на листите за членовите на општинските совети, граѓаните доаѓаа на собирите и митинзите, едни „милум“ други затоа што мораа.
Пред дваесеттина дена започна и ноќеска на полноќ ке заврши предизборната кампања.
Во наредните 24 часа ќе треба да се почитува предизборниот молк. Тоа е време во кое граѓаните ќе треба да ја донесат одлуката за кого ќе гласаат во недела на 24 март.
Некој велат дека тоа веќе е минато бидејќи со поткуп или без него најголем број граѓани веќе имале донесено одлука. Но, според експертите најважни се секогаш гласовите на неопределните граѓани.
Сега прашањето е дали тие постојат, дали сеуште ги има или се претопија во категоријата определени. И не мора да е така иако се помала е надежта дека навистина постои категоријата неопределен граѓанин во Македонија. Крајниот резултат ќе биде достапен во недела после 19 часот. А дотогаш, треба да се почитува изборниот молк.
Според избиричакиот список, вкупно 1.743.403 граѓани ќе можат да го остварат своето избирачко право.
Локалните избори ќе се одржат во 80 општини и Градот Скопје.
Поднесени се 350 листи за градоначалници и 480 листи за советници.
На советничките листи се кандидирале вкупно 8.528 лица, додека пак за градоначалник и за Советот на главниот град своето право на глас можат да го искористат 443.770 граѓани запишани во Единствениот избирачки список на 536 избирачки места./Б.Н