Пријавете кај правобранителот ако е повредено вашето избирачко право!
Објавено на 23 март, 2013 во 00:11
Граѓаните – гласачи на изборите во недела, на кои ќе им биде повредено избирачкото право можат да побараат помош од народниот правобранител.
Во периодот од 7 до 19 часот ќе биде отворена бесплатна телефонска линија 0800-54321. На овој број граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право
„Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права“ се наведува во денешното соопштение од Народниот правобранител на Република Македонија./A.Д