Повреда на избирачко право можете да пријавете и во Хелсиншки комитет за човекови права!
Објавено на 23 март, 2013 во 00:20
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во недела, на денот на гласањето ќе работи во текот на целиот ден. Граѓаните овде ќе можат да пријават повреда на избирачкото право.
„Ги охрабруваме сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот. Доколку не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право да го пријават до означените набљудувачи на невладината организација „Цивил” или пак на следниот телефонски број: (0)2 3119 073, се наведува во соопштението од Хелсиншкиот комитет за човекови права./А.Д