Велес : Гласаа болните, затворениците и граѓаните во куќен притвор!
679 болни и немоќни граѓани, 8 во домашен притвор и 4 затвореници денеска го искористија правото на глас во општина Велес.
Избирачките одбори од избирачките места во општина Велес денеска нив ги посетија, дома од првите две категории додека за затворениците гласање беше оозможено во затворот кај Горно Оризари.
„Сите избирачи кои во законски утврдениот рок до Општинската изборна комисија поднесоа барање за спреченост поради болест или издржување на казна, ние за нив овозможивме гласање поточно искористување на уставно загарантираното право на избор,“ рече претседателката Емилија Андовска.
Во просториите на комисијата околу пладне за задолжување со изборен материјал чекаа мал број на изирачки одбори. Андоновска соопшти дека поголемиот дел од работата била завршена како на подрачјето на градот така и на територијата на општината.
Таа соопшти дека утре изутрина, во 7 часот, во општина Велес ќе бидат отворени вкупно 73 избирачки места на кои се очекува правото на избор на шестите локални избори во Македонија да го искористат вкупно 46.262 граѓаниод општина Велес./Б.Н