Колев: Го имаме мнозинството во велешкиот совет!
Објавено: 25 март, 2013, во 14:56 часот
„Дозволете ми, во името на ВМРО-ДПМНЕ и партнерите во Коалицијата За подобра Македонија, да се заблагодарам за вашата доверба. Поддршката од околу 15.500 гласови, која ја добивме за советничката листа е најмасовна поддршка која Велес ја дал за било која советничка листа досега. Со таа поддршка мнозинството во советот, од 12 советници, веќе е во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Советот ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се 5000 гласови за советничката листа повеќе од 2009 и е повеќе од 11-те советници кои тогаш ги освоивме ,“ рече денеска на прес конференција носителот на листата со советници Александар Колев.
Тој овие резултатите, од вчерашниот ден на шестите локални избори во Велес, ги соопшти врз основа на обработените податоци на аналитичкиот центар на партијата.
Рече дека не располага со податоци од Општинската изборна комисија.
Според Колев станува збор за убедлива победа што ја освои новото советничко мнозинство од чиј состав ќе биде избран и новиот претседател на Советот на Општина Велес како и дека на изборите за градоначалник се води тесна борба помеѓу нашиот кандидат Славчо Чадиев и кандидатот на СДСМ, Аце Коцевски и ќе има втор круг./Е.Н.Ј
