Американски Стејт департмент : Без насилни инциденти во првиот изборен круг!
Објавено: 26 март, 2013, во 09:21 часот
„ Го поздравуваме завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилство. Со внимание ќе го разгледаме конечниот извештај на ОДИХР, како и конечното официјално објавување на изборните резултати. Очекуваме објавување на дополнителни информации од разните други набљудувачи и ќе продолжиме одблиску да го следиме изборниот процес и кампањата во пресрет на вториот круг на локалните избори на 7 април,“ стои во првичната реакција на Стејт департментот по завршувањето на изборите.
Од Стејт департментот информираат дека Американската амбасада во Македонија, за овој изборен круг, имала 27 набљудувачки тимови низ земјата, а дополнително, набљудувачи од САД биле ангажирани и во тимовите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.
