Панов: „Изборите во Кавадарци беа фер и демократски“

Објавено: 26 март, 2013, во 13:10 часот

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Панов денеска им се заблагодари на граѓаните кои го дале гласот за него. Им вети дека и во вториот мандат, доколку добие подршка во вториот изборен круг ќе бил градоначалник на сите граѓани.

„ Бидејќи навистина во Кавадарци имавме фер и демократски избори сакам на сите граѓани да им изразам една голема благодарност за високиот демократски дух и високото ниво на политчка култура,  тоа  беше покажано од сите граѓани. Кавадарци незнам по кој пат докажа дека има голем демократски капацитет и е пример во Македонија. Такви се оценките и на ОБСЕ“ рече на прес конференција Панов.

Оценува дека гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ е стабилно и се движи околу 12.000 илјади бидејќи по четврти пат се добиени такви резултати.

„Тоа се луѓе кои веруваат во политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Да се заблагодарам и на оние кои не гласаа за нас , на тој начин упатија едно предупредување до нас, во смисла дека треба сепак да ги слушниме и реализираме и нивните барања. Јавно можам да ветам дека како што бев градоначалник на сите граѓани во првиот мандат исто така ќе бидам градоначалник на сите и во вториот мандат. Реализирав проекти не за една или друга политчка опција,  туку за сите граѓани.“ рече Панов и информира дека веќе е формирана советничката група во општинскиот совет.

„ Заедно со независните советници обезбедивме мнозинство во советот на општина Кавадарци. Повик до граѓаните во следните две недели да останат на нивото на својата обврска спрема државата и на 7 април во мирна и демократска атмосфера го кажат своето мсилење. Да гласаат во поголемо мнозинство изразено 2:1. Да гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ние сме тие што реализираме дела за граѓаните“ нагласи Панов.

И во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжеле со позитивна кампања, која 99% ќе била насочена кон реализираното  и она што го имаат како предизборно ветување до граѓаните./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.