Чадиев: Велешани придружете се, за нови дела и нови победи!

Објавено: 26 март, 2013, во 13:58 часот

Кандидатот за градоначалник од Велес од Коалицијата За Подобра Македонија, Славчо Чадиев им се заблагодари на сите граѓани што гласале за него во првиот изборен круг, во неделата на 24 март, годинава.

“Им благодарам на сите оние кои во мене, во мојот тим и во Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија ја препознаа политичка сила која во наредните 4 години ќе креира развој на Велес. Освоените 15.110 гласа се потврда и за довербата која граѓаните ни ја даваат во континуитет. 15.110-те гласа, за мене како кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ претставуваат гласови за чесна и посветена работа. Овие гласови се гласови за новите дела, ова се гласови за 117те нови проекти за Велес, “ рече Чадиев.

Тој вака големата поддршка од граѓаните ја протолкува како потврда за позитивниот пристап кој владеачката коалиција го имала во текот на изборната кампања и додаде дека тоа е нивна постојана цел, на граѓаните да им ја понудат визијата за развој и напредок на Велес, преточена во дела.

На терен убедувајќи ги граѓаните да гласаат за опцијата која реализира дела, ќе направиме пресврт во вториот круг, убеден е кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Велес, Славчо Чадиев. Тој уверува дека разликата од илјада гласови зад Коцевски од првиот круг, ќе ја надокнади и ќе биде новиот градоначалник на Велес.

„ Убеден сум дека на 7 април во вториот круг од изборите Велешани ќе ги поддржат делата и ќе повторно ќе ја дадат довербата за ВМРО-ДПМНЕ и за мене како кандидат за градоначалник. На 7 април Велес ќе победи. Велес е е град кој што заслужува Дела. Затоа ја барам довербата од граѓаните. Ја барам вашата доверба за искрена и плодна соработка со Советот на Општина Велес во кој мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ. Заедничката соработка, соработката меѓу нас, меѓу општината и Владата на Република Македонија ќе донесе подобра иднина за сите,“ рече Чадиев.

Чадиев најави кампања со посета на секој граѓанин, секој дом, секое маало и секоја населба за да остварат средби и во директна комуникација да ја образложи програмата на ВМРО ДПМНЕ за подобар и по просперитетен Велес. Велешани ги повика да им се придружат, за заедно да работат на сопствената и иднината на поколенијата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.