ДИК продолжува со расправата и приговорите од гласањето во неделата!

Објавено на 28 март, 2013 во 09:23

Државната изборна комисија до синоќа одбила 27 приговори на СДСМ за Кисела Вода и Штип, делумно го уважила приговорот за Демир Капија, а лицето кое јавно го покажало заокруженото избирачко ливче може да заработи прекршочна пријава.

Претходно ДИК ги одби 38-те приговори на ДОМ и едниот на Демократска партија на Турците, за нерегуларности во Пласница. За приговор  на Народното движење за Македонија, ДИК ќе решава дополнително.

До ДИК во законски предвидениот рок, по затворањето на гласачките места по првиот круг од гласањето на локалните избори пристигнаа вкупно 428 приговори, најголем дел од нив има поднесено СДСМ./Е.Н.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.