ДИК : Нема прегласување во Кичево!

Објавено: 29 март, 2013, во 08:42 часот

Во Кичево нема да има прегласување за избор на градоначалник. ДИК, ноќеска, ги одби и двата приговори за Кичево.

Членовите на ДИК предложени од ДУИ и ДПА, гласаа против приговорите, СДСМ беа воздржани, а ВМРО-ДПМНЕ гласаа за прифаќање на предлогот за прегласување на избирачки места во првиот круг на изборниот процес.

Денеска ќе се одлучува и по двата приговори за Струмица. Исто така ќе треба да расправа и по приговорите на Обединета партија на Ромите, Демократска партија на Албаниците и по еден приговор на ДУИ кој се однесува на Град Скопје за сумирање на резултатите.

Законски, синоќа до 19 часот, ДИК требаше да ги заврши постапките на разгледување и носење одлуки по приговорите.

Партиите кои не се задоволни од одлуките на ДИК ќе можат да покренат постапки пред Управниот суд, кој во рок од 48 часа треба да донесе одлуки.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.