Панов: „Нови фасади на зградите во центарот на Кавадарци“!
Објавено: 29 март, 2013, во 12:22 часот
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци, Александар Панов денеска најави активности за реконструкција на сите фасади на зградите во централното градско подрачје.
„Сите фасади што се наоѓаат на градскиот плоштад и на улицата Илинденска, која што е една од најфрекфентните и најпретставилтелни, да ја најавиме како идно наше дело односно сите оние фасади кои се наоѓаат на ова улица да им дадеме нов лик и да претставуваат нешто убваво за Кавадарци. Во наредниот период од три години се обврзуваме сите овие кабли од телефонија, телевизија, струја да ги вкопаме во земја и да добиеме поубав изглед на центарот на градот“ рече Панов./А.Д
