Заев: Газење по честа на струмичани!
Објавено: 29 март, 2013, во 20:58 часот
Државната изборна комисија пресече, на три изборни места ќе има прегласување на првиот круг од локалните избори во општина Струмица. Победата на актуелниот градоначалник на Струмица, Зоран Заев останува неизвесна.
Мнозинството во ДИК го поништи гласањето на избирачките места 1730 и 1734, како и на избирачкото место 1727.
Вкупниот број на гласачи во овие три места е 3.255, а во неделата гласале 2.553 граѓани. За Зоран Заев гласале 1.436 граѓани, а за Васил Пишев 1.034 граѓани. Во Струмица ќе се прегласува на 7 април, годинава. Потоа ќе се знае дали таму ќе има втор круг.
Струмичкиот градоначалник кој се бори за трет мандат рече дека одлуката на ДИК која ја виде цела Македонија преставува невидена работа и поголема дрскост и безобразлук од неа не постои.
„ На кукавички и вулгарен начин, имаат намера да го нападнат цензусот за мојата победа во првиот круг. Значи за цензусот се работи, бидејќи се многу далеку од победата. Прифатени се трите преговори на ВМРО–ДПМНЕ за Струмица, а 400 такви и поголеми во цела Македонија се одбиени. Почитуваниот Управен Суд сега е на ред да се изјасни, ќе ја почекаме одлуката“, рече Заев.
Тој додаде дека по ова е убеден во уште поголема победа.
„. Сега граѓаните од трите избирачки места 1727, 1730 и 1734 ќе одлучуваат за цела Струмица, но ќе одлучуваат и за достоинството и образот на Република Македонија. Очекувам многу поголема разлика на овие три гласачки места од претходната разлика. Со тоа ќе докажеме дека Струмица е островот на слободата во цела Македонија која буквално е поробена од оваа власт,“рече Заев.
