СДСМ поднесе тужби до Управниот Суд!

Објавено: 31 март, 2013, во 13:18 часот

Повеќе од 100 тужби поднесе коалицијата „Сојуз за иднината“ до Управниот суд. Од СДСМ сметаат дека Државната изборна комисија одлуките ги донела со надглсување, без да се почитуваат законите арментите, пренесува А1он.

„Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК го претвори овој државен изборен орган во политичка инквизиција.  Најдобар доказ за ова е фактот што мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК ги одби нашите приговори не водејќи сметка за ниту еден факт и без притоа да се направи увид во избирачкиот материјал на оспорените избирачки места. Барањата за увид и пребројување на гласачките ливчиња беа одбиени со надгласување 4 спрема 3. Сосема спротивно, за приговорите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за Струмица беше применет поинаков аршин“, рече на прес конференција потпретседателката на СДСМ Ана Павловска-Данева.

Според неа, членовите на ДИК кои одбиле повеќе од 300 приговори на опозицијата, за Струмица прифатиле приговори без никаков правен основ со кои, како што рече, сакаат да му ја украдат убедливата победа на градоначалникот Зоран Заев.

„Не може со три неиздржани приговори и без увид во гласачките ливчиња, мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ да се обидува да ја менува волјата на струмичани.   Очекуваме Управниот суд да покаже висока професионалност и независност во одлучувањето по тужбите, да пресудат ослободени од политички притисок, водејќи се единствено според уставот и законите. Управниот суд, како последна инстанца, ја има целата одговорност со законски одлуки да ја исправи политичката неправда на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК“, рече Павловска-Данева.

Извор: А1он.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.