Панов најави зоолошка градина, нова детска градинка и нов асфалт на главните сообраќајници!
Претставувајќи ја изборната програма за мандатот 2013-2017 година, актуелниот градоначалник и претендент за втор мандат Александар Панов, пред јавноста претстави неколку проекти кои ќе ги реализира доколку ја добие довербата на кавадарчани.
Најви изградба на нова детска градинка со капацитет од 200 деца. Истиот ќе работи како клон на ЈДУ Градинка „Рада Поцева“ а ќе се наоѓа непосредно до СОУ „Ќиро Спанџов – Брко“.
„Урбанистичкиот проект е готов, завршени се и комуналните формалности,а се затвора и финансиската конструкција“ Веднаш по добивањето на довербата на граѓаните за вториот мандат, ќе започнеме со реализација на проектот и тоа како врвен приоритет. Ова се наметнува како потреба во градот бидејќи во моментов околу 200 деца се надвор од организираниот предучилишен престој. Нашите проценки се дека со зголемувањето на работната сила во фабриката „Дрекслмаер“каде во најголем процент се вработуваат жени , млади мајки, ќе расте и потребата од згрижувачки капацитети за децата. Токму затоа ќе ја градиме оваа нова градинка, а во тој контекст веќе ја предадовме во употреба малата градинка во Ваташа, а многу бргу ќе го поставиме и камен темелникот на малата градинка во дворот на ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“. На тој начин со нови дела ќе ја подобруваме и градиме инфраструктурата во предучилишното образование“ рече Александар Панов во обраќањето до јавноста.
Најви изградба на зоолошка градина во градскиот парк. Претставувајќи го проектот пред јавноста Панов потсети на периодот од средината на педесеттите до средината на седумдесеттите години од минатиот век кога во Градскиот парк во Кавадарци работеше третата по големина зоолошка градина во Македонија.
„Овојпат нема да бидеме мегаломани, бидејќи условите и времето се променети. Но во целост ќе им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните, посебно децата од училишна возратс, кој од поодамна бараат да с еизградо некаква форма на зоолошка градина пред се во училишни цели.“ –рече Панов.
Претендентот за втор градоначалнички мандат денеска најави и целосно покривање на главните градски сообраќајници со нов асфалтен слој./ А.Д
