ДИК : Втор круг гласање и во Велес, Кавадарци и Лозово!
Објавено: 3 април, 2013, во 07:22 часот
ДИК ги соопшти општините во кои ќе има втор круг на гласање на шестите локални избори во Македонија.
Во недела на 7 април ќе гласаат граѓаните на : Арачиново, Берово, Богданци, Битола, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново и Облешево.
Во Охрид и Кичево нема да има прегласување во некои избирачки места, бидејќи тоа не влијае на конечниот резултат од изборите.
