ОИК Лозово: Изгласаа болните и немоќни лица!

Објавено: 6 април, 2013, во 09:41 часот

21 граѓанин, или за 18 помалку во споредба со првиот избирачки круг, веќе гласаа во општина Лозово.

„Заврши гласањето за болните и изнемоштени лица во општината. Нив избирачките одбори ги посетија во домашни услови. Во моментов имам информација дека и последниот 21 граѓанин веќе гласал и очекувам само уште да се вратат членовите на избирачкиот одбор за да го донесат гласачкото ливче. Во споредба со првиот круг сега имаме 18 граѓани помалку кои побарале гласање дома. Иста така денеска ги очекувам и ливчињата со гласовите на 2 граѓани кои се на издржување на затворска казна ,“ рече претседателот на Општинската изборна комисија,  Јоско Коцевски.

Тој потврди дека е завршена и постапката со распределбата на избирачкиот материјал за вториот круг на гласање. Сите 9 избирачки одбори го превзеле материјалот.

Во Општина Лозово, утре ќе се одржи втор круг на гласање за избор на градоначалник на 9 избирачки места на кои ќе гласаат вкупно 2.137 граѓани. Тие ќе го изберат шестиот градоначалник на општината помеѓу двајца кандидати од две политички коалиции.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.