Семејни гласања и партиски функционери на избирачките места во Бузалково и Оризари!
Објавено: 7 април, 2013, во 16:17 часот
Зголемено присуство на директори на институции и фамилијарни гласања е сликата од терен на изборниот ден во околните велешки села Бузалково и Оризари.
Дума.мк во обиколката на овие населени места регистрираше групно гласање, но според претседателите на избирачките одбори се поминало во најдобар ред, без никакви приговори.
„Излезеноста до сега е адоволителна, немаме никакви проблеми и се тече во најдобар ред, приговори од политичките партии нема на моео избирачко место во Горно Оризари, 2209“, рече Елвира Андреевич, претседателка на избирачкиот одбор.
„Нашето гласачко место е 2201 во село Бузалково, и имаме околу 1070 гласач. До сега се е мирно и нема приговори од ниту една политичка партија“, рече Седал Баќировски, претседател на избирачки одбор.

За жителите на овие населени места најбитни се инфраструктурните проекти кои им ги ветија двајцата кандидати за градоначалници. Во Оризари имаат проблем со фекалната канализација и очекуваат дека идниот градоначалник ќе се заложи за решавање на проблемот. Во Бузалково пак се надеваат дека еден од приоритетите на првиот човек на Велес, ќе биде изградбата на водоводна мрежа во селото./Б.Н.
