Иванов во Свети Николе: Создаваме нови работни места и развојна економија
Кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Ѓoрги Иванов својата програма ја претстави пред граѓаните на Свети Николе, ја побара поддршката од нив со цел да ги реализира проектите заедно со владиниот тим. Негова заложба во наредниот пет годишен мандат се економскиот развој, но и Македонија да влезе во семејството на Европската унија и НАТО.
-Ве повикувам, сите граѓани, сите стопанственици, земјоделци, со заедничка енергија побргу да ги оствариме програмските цели. Цели кои го обединуваат целото македонско општество Европа во Македонија и Македонија во Европа. Држава и економија кои создаваат нови работни места, рече Иванов.
Тој се осврна и нa проектите, покачувањето на пензиите, но и на странските инвестиции и соработката со Кина, од која произлезе и изградбата на автопатот Миладиноци – Свети Николе – Штип. Делница со која Свети Николе нема веќе да биде заобиколувано од останатите градови.
-Свети Николе веќе нема да биде заобикулувано од превозниците и од патниците. Вашиот град ќе стане значаен транзитен центар за источна Македонија, со тоа ќе заживее стопанството во општината и во градот, нагласи Иванов.
