Петмина кавадарчани кандидати за пратеници од ГРОМ
Носителот на листата на пратеници на ГРОМ за четвртата иборна единица Панчо Минов денеска на прес конференција ги претстави и останатите кандидати од Кавадарци кои се дел од листата, а се од Кавадарци. Покрај Минов, тоа се Весна Коцева, Стојан Петров, Митко Ристов и Паско Атанасов.
Минов рече дека бројноста на кандидати од Кавадарци на листата на ГРОМ било одраз на бројноста на членството на општинската организација, а со богатата понуда на кандидати кавадарчани и тиквешани имале многу причини да гласаат за нивната листа.
„Ќе водиме позитивна кампања без критикување без напаѓање и плукање по нашите противници. Нашата цел ќе биде да се сконцентрираме на афирамција на нашите содржини од програмата, кои се во насока на јакнење на граѓанската концепција на државата и она што ме карактеризира мене, застапување на локално регионалниот аспект на интересите на граѓаните. Исто така застапување на лозарите, невработените, спречување на загадувањето, намалување на сегашните казни, намалување на надлежноста на извршителите, се во насока да има еден просперитет и кавадарчани и тиквешани да живеат подобро“ рече Минов на денешната прес конференција./А.Д