ВМРО-ДПМНЕ Неготино: “СДСМ со писма ни се заканува“
Објавено на 10 април, 2014 во 15:34
Неготинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција обвини дека во изминативе денови членови на нивниот политички опонент, СДСМ, вршеле притисоци и заплашувања врз нивни членови и функционери.
„Писмата ги доставуваат кукавички по шалтерите на институциите, без пропратни листови, адресирани до институцијата и до лицето раководтиелиили директор на институцијата. Истите ги разнесуваат раководни членови од СДСМ како што е Васко Стефанов претседател на ОО на СДСМ и Жаклина Ќимова, секретар на ОО на СДСМ. Наместо да ја трошите енергијата на закани и заплашување подобро би било да се посветите на проекти и идеи и да ги посветите на граѓаните“ рекоа на прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Неготино.