Коџобашиев: Излезете и гласајте за својот Претседател
Граѓаните в недела ќе избираат свој претседател. Ги повикуваме масовно да излезат и да гласаат за Ѓорге Иванов, бидејќи тој е вистинскиот избор за лидер на државата. Вака денеска на последниот ден од изборната кампања на велешани им се обратија од ВМРО ДПМНЕ. Од таму се убедени дека и овие избори ќе поминат во фер и демократска атмосвера.
„ На последниот ден од изборната кампања за првиот круг од претседателските избори, ја користиме оваа прилика уште еднаш да ги повикаме граѓаните, заокружувајќи го бројот 1, да го дадат својот глас за досегашниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, зашто искрено веруваме дека тој е вистинскиот избор за лидер на државата. Да му ја дадеме поддршката на претседателот Иванов затоа што тој во изминатиов пет годишен период покажа како треба да изгледа претседател од народот за народот. Тој целиот свој мандат го посвети на нашите сограѓани. Претседателот Иванов покажа дека е стожер на стабилноста, цврст и одлучен чувар на суверенитетот и интегритетот на Македонија. Амбасадор на нејзината традиција и култура. На Ѓорге Иванов изборот секогаш му се Македонија и нејзините граѓани, рече Ѓорги Коџобашиев, ОК ВМРО ДПМНЕ Велес.
Од ВМРО ДПМНЕ им порачаа на велешани дека гласајќи за Иванов, гласаат за нивната и иднината на нивните поколенија./Д.С