29 години Општина Чашка – од блокирана и задолжена до модерна и развиена општина (Видео и фото)

Објавено: 21 август, 2025, во 15:36 часот

Да се биде градоначалник на една од најголемите по територија и мултиетнички општини во Македонија е чест и во исто време обврска која носи голем број на предизвици. Пред осум години задолжена, со блокирана жиро сметка а денеска функционална, без долгови и со голем број на реализирани како и проекти кои се добиени и следи нивно реализирање, рече во денешното обраќање пред присутните гости на денот на Општина Чашка, градоначалникот Горан Стојановски.

По последното обраќање на Стојановски, како градоначалник ао втор мандат, присутните ја проследија презентацијата на сите проекти во последната година во Општина Чашка од инфраструктурни и комунални, за градење на капацитети на млади и граѓани коишто се подготвени да дадат придонес во развојот на руралните и урбанате заедници, за одржаните бројни културни и спортски манифестации како и остварени меѓународни контакти со општини како и исселеници во Турција и во Швајцарија чија цел била привлекување на инвеститори од лесна и незагадувачка индустрија за вложување преку производствени капацитети во развојот на општина Чашка.

На свечената седница на Совет на Општина Чашка, по повод 21 август – Ден на општината, се обрати и претседателот Трајче Мишковски.

На свеченоста Општината за најдобри ученици ги прогласи штотуку завршените деветоодделнеци Тале Јовановски од ООУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка и Ениса Кадриова ООУ „Лирија“ во село Горно Јаболчиште.

Со Благодарници ги награди „Жито Маркети„ за нивната поддршка и континуирано делување во заедницата и .Здружението на граѓани „Мен енд Маунтен ДОО/ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ за активности и посветеност во еколошките акции и унапредувањето на животната средина во општината.

Исто така за најдобри работници во институциите на територијата на општина Чашка ги прогласи Маринела Андова за Најдобар социјален работник, вработена во Јавна општинска установа за деца- Детска Градинка „Бамби“, која во изминатите три години на позиција неговател покажала  креативност и дала посебен придонес во развој на детската градинка, Дафинка Мирчевска за Најдобар комунален работник, која што е вработена во ЈПКД „Тополка“ поради покажаната посветеност и одговорност во претпријатието, Христо Давчевски за Најдобар полициски службеник со долгогодишно искуство во својата кариера  и во Полициско одделение Чашка повеќе од 10 години, Димче Ангелов за Најдобар Административен службеник, вработен во општина Чашка од 2006 година и раководител на Оделение за ИКТ како и за Најдобар здравствен работник др Гоце Бузалков специјалист по пулмологија и алергологија во Специјална болница за белодробни заболувања.

Општина Чашка соопшти дека за стипендисти во учебната 2025/2026 година се избрани учениците Стефан Трпков на Средно Стручно Општинско Училиште „Коле Неделковски“ Велес, Сара Димовска на Средно Стручно Општинско Училиште „Димитрија Чуповски“ Велес и  Мартина Коцевска на  Средно Стручно Општинско Училиште „Димитрија Чуповски“ Велес како и редовните студенти Стефани Петровска на Факултет за Медицински науки на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Добитници на Благодарници се и бројни фирми, здравствени установи како и граѓански организации од Чашка и Велес коишто во изминатата година соработувале и придонеле во развојот на Општина Чашка.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.