38 ученици за прв пат даруваа крв – успешна крводарителска акција во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес

Објавено на 7 октомври, 2025 во 14:35

Триесет и осум ученици за прв пат даруваа крв и станаа дел од најголемото хумано семејство во државата. Крводарителската акција којашто денеска се одржа во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“, велешкиот Црвен крст ја категоризира како успешна бидејќи биле собрани вкупно 42 крвни единици дарувани како од учениците така и од вработените во училиштето.

Инаку, во текот на вчерашниот ден во истото училиште беше одржана и мотивациска работилница за крводарители од страна на обучени мотиватори за крводарителство од велешкиот Црвен крст.

-Учениците од четврта година имаа можност да научат повеќе за процесот на дарување крв, критериумите за тоа кој може да биде крводарител, личните бенефиции и значењето на дарувањето. Многу ни значи што денешниот број на нови крводарители е голем и се надеваме дека во иднина ќе продолжи оваа соработка, рече Александра Илиевска од Црвен крст Велес.

Денешната крводарителска акција беше реализирана во соработка помеѓу Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес, Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и самото училиште.

Во активностите беа вклучени и двајца волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.