Абрашев: Левица нема поднесено предлози за Управен и Надзорен одбор на ЈКП„Дервен“

Објавено на 31 јануари, 2022 во 16:15
Фото: Димитар Абрашев, координатор на советничка група на Левица

Демантирајќи ги обвинувањата на советничката група на СДСМ со коалиционите партии во Советот на Општина Велес, координаторот на советничката група на Левица, Димитар Абрашев за Дума.мк изјави дека партијата чии членови се како и советничката група немале досега, до одржувањето на денешната, осма седница,  поднесено свои предлози за состав на Управниот и Надзорен одбор на ЈКП „Дервен“.

-Сакам да ја известам пошироката јавност дека ставот на Левица е во управните и надзорните одбори, во двете локални јавни претпријатија во Велес, треба да членуваат претставници пропорционално според бројот на освоени советнички места од сите политички партии на Советот, додаде Абрашев.

Оваа негова реакција се однесува на прес конференцијата на советничката група на СДСМ која на денешната прес конференција ги обвини двете политички партии ВМРО ДПМНЕ и Левица за непотизам при распределба на членовите во новиот состав на Управен и Надзорен одбор на ЈКП „Дервен“ и притоа го спомна името на Билјана Ангелова Смилева снаа на членот на советот на Левица, Игор Смилев.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.