Акциска контрола за брзо возење и казни за не носење на маски
Објавено на 26 април, 2021 во 09:06
26.04.2021

На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, на 25 април, недела, од 08:00 до 16:00 часот, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. За време на оваа акција регистрирани се 43 прекроци од кои пет во Велес, 14 во Кавадарци и 24 во Неготино.
Во текот на истиот ден, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 23 граѓани. Од нив 11 се од Велес, тројца од Кавадарци и девет од Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
За непочитување на забраната за движење за време на полициски час, кој трае во период од 20:00 до 05:00 часот, евидентирани се два прекршоци.
Стефани Манева
