Акциска контрола за брзо возење и тепачка во Велес

Објавено на 6 декември, 2021 во 10:14

Во Сектор за внатрешни работи Велес, триесет и девет годишниот А.К од село Горно Орзари, велешко, пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес по претходна расправија бил физички нападнат од педесет и три годишниот Х.Х, дваесет и четири годишниот С.Х и четири години помладиот Б.Х. Тепачката се случила вчера и била пријавела во полициска станица околу 19:00 часот.

-По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Исто така, во текот на вчерашниот ден била спроведена и акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Полициските службеници за време на четири часовната акциска контрола регистрирале и санкционирале 43 прекшоци од кои 21 во Велес, 14 во Кавадарци и осум во Неготино.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.