Ангелов изврши увид на мостот кај Башино Село

Објавено на 22 јуни, 2023 во 10:17

Во рамки на активностите на директорот на Центар за управување со кризи, Стојанче Ангелов, во текот на вчерашниот ден извршил посета на мостот на Вардар кај Башино Село во Велес.

Од ЦУК информираат дека Ангелов лично ги обиколува мостовите коишто се веќе покажани како можни критични точки за безбедноста на граѓаните, особено при елементарни непогоди и поплави.

-Радува и фактот што оваа тема се посериозно ја сфаќаат се повеќе и од бројот на општествените и политичките чинители во државата. Добро е што покрај ЦУК и медиумите, сега се повеќе оваа тема, безбедност на граѓаните ја имаат во предвид како стратешка определба општествено одговорните фактори во Република Северна Македонија, додаваат од ЦУК.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.