Ансамбл „Керамичар“ и КУД „Коле Неделковски“ од Велес со настап на регионалните смотри на СОФАМ во Демир Капија

Ансамбл „Керамичар“ и КУД „Коле Неделковски“ од Велес, викендов, беа дел од Регионалните смотри на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија – Јужен регион коишто се одржаа во Домот на културата „Мирка Гинова“ во Демир Капија“.
Играорците на Ансамбл „Керамичар“ се претставија со кореографијата „Жетварки“ додека КУД „Коле Неделковски“ со женската кореографија „Тресеница“.
Инаку, на манифестацијата настапија десет ансамбли од јужниот дел на земјата, меѓу кои и ансамбли од Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Јосифово, Негорци, Богданци и Ново Село. Секој ансамбл се претстави со своја кореографија, носија и традиционална песна, носејќи дел од богатото културно наследство на својот крај.
Публиката уживаше во разновидните изведби, автентичните носии и енергијата што ја донесоа младите фолклористи на сцената. Настанот уште еднаш потврди дека љубовта кон традицијата и народната уметност живее и се негува низ целата држава.
Стефани Манева


