„Биди подготвен за безбедно патување со возило во зима“- превентивна активност на СВР Велес

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес и од превенција при СВР Велес, вчера, во Велес, Кавадарци, Неготино реализираа превентивни активности под мотото „Биди подготвен за безбедно патување со возило во зима“.
-За време на активностите, граѓаните беа информирани за актуелната важност на обврската за задолжително носење на зимска опрема во возилата, во периодот од 15 ноември до 15 март. Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните, пред сѐ на возачите, им беше укажано за законската употреба на зимска опрема во која спаѓаат зимските гуми и ланците, при што особено беа истакнати условите односно начините за употреба на опремата, во зависно од временските услови, а согласно нормативно пропишаните одредби во кои, секако, влегува и санкционирањето за нивното непочитување, соопштија од Министерство за внатрешни работи Велес.

На возачите и на другите учесници во сообраќајот им беше поделен едукативен печатен материјал изработен од РСБСП, чии содржини имаат за цел подигање на свесноста за поседување на зимска опрема во возилата и одговорно учество во сообраќајо
Стефани Манева
