Бремените жени и лицата над 60 години до среда ослободени се од работа поради топлотниот бран
Владата ја донесе одлуката по информации на Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи.
Владата соопшти и препорака за работодавачите од кои се очекува да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено со цел да се избегне изведување на градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Исто така, од установите за згрижување на децата, поточно градинките, се очекува да не практикуваат изведување на физичка активност или изнесување на децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Според соопштението на владата препораките за Единиците на локалната самоуправа, Црвен крст и Центри за социјални работи во регионите, зафатени со топлотниот бран, се однесуваат на пружање помош на осамени, стари, изнемоштени и бездомни лица.
Дума.мк