Дисперзирана канцеларија на АВРМ отворена и во општина Чашка

Објавено на 17 февруари, 2016 во 14:45

Невработените жители на општина Чашка нема повеќе да доаѓаат во Велес за да се пријават во Агенцијата за вработување. Нема да трошат време, пари, па дури и нерви. Дисперзирана канцеларија на Агенцијата денеска беше отворена во Граѓанскиот центар каде граѓаните добиваат услуги и од областа на социјалата и земјоделството. Градоначалникот на општина Чашка Горанчо Пановски вели дека оваа канцеларија е голема придобивка за жителите.

„Овде граѓаните не само што ќе може да добиваат информации за нивно вработување, туку и оние што не се вработени ќе можат да се пријават и евидентираат во агенцијата. Јас се надевам дека кај нас и покрај тоа што граѓаните се занимаваат со земјоделство но имаме и млади и повозрасни кои сакаат да не работат со земја туку да бидат ангажирани во некои од институциите или во некои од приватните субјекти“, рече Пановски.

Во Агенцијата за вработување во Велес моментално се евидентирани 400 активни баратели на работа од општина Чашка. Директорот на Агенцијата Влатко Попов се надева дека со отворањето на дисперзираната канцеларија оваа бројка ќе се зголеми, бидејќи досега голем број граѓани од активни се префрлиле во пасивни баратели.

„Сега со отворената канцеларија се надеваме дека овие пасивни баратели ќе преминат во активниот регистар. Тука би можеле да им понудиме услуги, и работни места како и поголеми шанси за вработување, рече Попов.

Инаку досега вакви дисперзирани канцеларии на Агенцијата за вработување се отворени во 24 помали општини и рурални средини./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.