Богомилчани продаваа еколошки земјоделски производи и локални специјалитети
Ги произведоа жителите на селото. Тие се традиционални производители на здрава храна. На тезгите продаваа грав, кромид, компир, мед и јајца. Домаќинките во селото подготвија вкусни специјалитети со се што земјоделците произведуваат во селата на Азот.
Младиот, Александар Јовановски од селото Стари Град, денеска, продаваше ливадски мед и беше задоволен од продадената количина. Тој во Саемот на здрава храна гледа одлична можност за промоција пчеларството и на производството на мед во еколошки најчистата општина во Македонија.
– Задоволен сум што се одржува ваква манифестација бидејќи таа е добра можност да продадам дел од количината што ја произведов иако годинава, поради сушата немам голема количина. Оваа година од 150 сандаци извадив само 300 кг мед но задоволен сум поради обезбедениот пласман и цената од 250 до 270 денари ако го продавам на мало или 50 до 70 денари помалку ако го дадам на големо, рече Јовановски. големо од 200 денари, истакна, Јовановски.
Саемот на здрава храна „Поблиску до природата“ го организира општина Чашка за да им помогне на граѓаните да ги промовираат и пласираат земјоделските производи во државата и во странство. Тоа се еколошки чисти, здрави и квалитетни производи, за кои треба да дознаат граѓаните во Македонија, смета градоначалникот на општина Чашка, Горанчо Пановски.
– Имаме квалитетно жито, компир, мед, на полињата се враќа оризот како земјоделска култура а веќе на далеку е позната и речната пастрмка која овде, во овие предели со шума и чиста планинска вода, има идеални услови за одгледување. Поттикнуваме земјоделците да произведуваат што погеми количини на здрава храна, рече Пановски.
Иницијатори за саемот, што се одржува по седми пат, се наставниците на ООУ „Петар Поп Арсов“ од селото Богомила. Тие го анимира локалното население за производство на еколошки здрава храна. Пред се, нивна целна група се младите од кои очекуваат во што поголем број да му се вратат на земјоделството и производството на еколошка храна.
– Но досегашното искуство покажува дека сеуште интересот кај младите е слаб и старите жители се оние кои ги крепат семејните огништа. Не потклекнуваме и верувам дека за неколку години дел од младиот свет ќе биде вратен на земјоделието и гордо ќе ја обработуваат земјата создавајќи еколошки здрави земјоделски производи,рече директорката на ООУ „Петар Поп Арсов“, Нина Маркова. потенцираше, Маркова.
На саемот денеска беше продадено скоро се што земјоделците донесоа. Вкупно беа собрани околу 6000 денари и им беа подарени на децата од дневниот центар за лица заболени со церебрална парализа „Детелина“ од општина Чашка./Б.Н
