(OБНОВЕНО) Почина планинарот кој падна во бездна под Солунска глава

Објавено на 9 ноември, 2013 во 23:23

Фатални биле последиците по животот на 24 годишниот скопјанец кој денеска  падна во бездна во близина на планинарскиот дом „Чеплес“  на планината Јакупица. Полицискиот хеликоптер го открил и екипата за спасување го извлекла од карпестиот предел но тој бил мртов.

 

Телото на починатиот рекреативен планинар со хеликоптерот било пренесено на Институтот за судска медицина.  Обдукцијата ќе ги утврди причините за смртта додека полициската истрага треба да ги открие причините кои довеле до несреќата. Од СВР Велес велат дека го знаат идентитетот на загинатиот маж. Ќе го соопштат утре.

Дваесет и четири годишниот скопјанец денеска дошол да планинари на Јакупица. Не бил сам туку со пријатели од Скопје. Тие требале да преноќат во домот на Чеплес.

Жители на селото Нежилово ја виделе групата која пешачела кон планинарскиот дом.

Несреќата се случила околу 14.30 часот, во близина на реката Бабуна,  а полициската интервенција во која се вклучил хеликоптерот започнала еден час подоцна. /Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.