Само десет граѓани лани се лекувале од туберкулоза во велешко

Објавено на 16 јануари, 2014 во 11:00

Во болницата која е изградена за лекување на белодробни заболувања сега најмалку се лекуваат пациенти болни од туберколоза. Лани само десет граѓани побарале лекарска помош за оваа болест. Современата медицина ја направи излечива па затоа од година во година опаѓа бројот на заболени граѓани вели директорот на болницата.

– Туберколозата е болест која ја има во посиромашните земји и во оние во кои цвета ХИВ болеста. Во Македонија болеста е сведена на минимум затоа што имаме висок степен на здравствена заштита. Лани во болницата помош побараа десет пациенти. Нив ги лекуваме со современи методи, како изолирани случаи со болничко лекување во две посебни соби опремени со специјален систем за вентилација. Петмина пациенти ги пративме во институтот во Скопје , рече д-р Гоце Бузалков.

Асматичари, граѓани болни од бронхити и бронхопневмонии како и од кардиоваскуларни заболувања се најчести пациенти во болницата за лекување на белодробни заболувања  во Јасеново. Во оваа јавна здравствена установа лани биле прегледани вкупно 6093 од кои 1090 биле болнички пациенти. Останатите се лекувале амбулантски.

Маглата и неповолните временски услови се воглавно причина за поттикнување на хроничните белодробни заболувања па така граѓаните кои боледуваат од нив деновиве се чести пациенти. Најголем дел се сместени во болницата во која штотуку заврши комплетното реновирање. Петмината лекари од Јасеново апелираат граѓаните болни од хронични белодробни заболувања деновиве да не излегуваат надвор, на маглата, и редовно да ја земаат препишаната таблетарна и инхалациона терапија. /Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License