Четири пожари вчера на територијата на Општина Чашка

Во текот на ноќта изгасени се трите пожари што се појавија вчера на територија на Општина Чашка. Првиот пожар изби во атарот на село Бистрица, во пределот на месноста „Бистрички осој“. Таму интервенирале пожарникари на ТППЕ Велес и шумарски работници на ШС „Бабуна“ Велес. Според Регионален центар за управување со кризи Велес, гореле претежно ниви, стрништа и ливади. Тоа потврдува дека станува збор за намерно запален пожар бидејќи 90% од нивите, стрништата и ливадите се во приватна сопственост.
„При интервенцијата е констатирано дека нема опасност да дојде пожарот до шумата, бидејќи е доста далеку, но екипа од Национални шуми подружница „Бабуна“од Велес составена од шест луѓе остана на теренот и го контролира пожарот“- соопштија од РЦУК Велес.
Според нивните информации во текот на ноќта пожарот е изгаснат а денеска продолжува контролата од страна на шумарските работници, особено во делот кадешто огнот зафати две бандери на ЕВН, но засега нема пријави за останати населени места без електрична енергија.
Исто така, изгаснати се и останатите три пожари кој вчера беа поделени на два крака, едниот над село Ореше и другиот крак над село Папрадиште. Првиот пожар ги зафатија атарите на село Бистрица, поточно место викано „Бистрички очи“ каде претежно гореа ниви, стрништа и ливади. Таму интервенираат четворица шумарските работници од Национални шуми подружница „Бабуна“ од Велес кои во текот на денешниот ден го контролираат опожареното место.
Во 14:00 часот, изби пожар и кај месноста Мукос – во близина на Јасенова глава, поточно локалното место викано Бресје. Таму интервенираа двајца шумарски работници од ШС „Бабуна“ од Велес.
Половина час потоа, пожар избувна и кај село Оморани и огнот се рашири кон Руен, којшто не беше опасен бидејќи зафати карпест предел. Екипите што беа на терен се повлечени, бидејќи не предизвикува опасност.
Од Центар за управување со кризи и од ШС „Бабуна“ апелираат до локалното население да бидат многу внимателни и да не палат стрништа бидејќи можат да предизвикаат поголеми пожари со посериозни последици, особено по шумскиот фонд.
Стефани Манева
