Четворица починати и 62 ковид пациенти на лекување во велешка болница
Двајца мажи на возраст од 48 години од Велес и на 79 години од Свети Николе и две жени на 57 години од Чашка и на 61 година од Свети Николе починаа во изминатите 24 часа во ЈЗУ Општа болница Велес. Од нив еден се лекувал на Инфективно додека тројва на Интерно одделение Б оддел. Светиниколецот починал осум часа по хоспитализацијата додека велешанецот имал коморбидитети поточно бил болен од карцином на бел дроб.
Во велешка болница се лекуваат вкупно 62 ковид пациенти или за четворица помалку од вчера. Од нив 55 се позитивни, еден не е потврден додека двајца се негативни. Во изминатите 24 часа на болничко лекување се примени шест и исто толку пациенти се испишани.
-Од вкупниот број на болнички пациенти 28 се на кислородна поддршка. На Инфективно одделение се лекуваат 56 и има уште четири празни легла додека на Интерно Б оддел на лекување се шест пациенти, рече портпаролката на болницата д-р Елена Левкова Ќулумова.
Убавка Јаневска