Ново училиште, за децата од турска националност, во село Челевец
Во нова училишна зграда опремена со нов мебел, од утре, ќе почнат да учат децата од демиркапиското село Челевец.
Изградбата е донација на турската администрација за развој и соработка ТИКА, чие преставништво во Македонија на општината и додели грант од 38 илјади евра. Новата училишна зграда е со површина од 136 метри.Објектот располага со две современи училници, канцеларија, ходник и санитарни јазли. Него во употреба ќе го пушти турскиот амбасадор во РМ.
Основното подрачно училиште во село Челевец е изградено многу одамна во далечната 1945 година и оттогаш досега не биле изведени никакви зафати за реновирање. Оставено на забот на времето,без санација и реконструкција било изложено на многу оштетувања и било ризично во него да се изведува настава. Тоа ги поттикнало донаторите да помогнат со изградба на нова училишна зграда. Осумте ученици, наставата во училиштето, ја следат на мајчин, турски јазик.
