“Тика“ добитник на највисоката награда на Демир Капија

Објавено на 6 ноември, 2012 во 21:43

Турската интернационална администрација за развој “Тика“ е добитник на годинашнава седмоноемвриска награда што општина Демир Капија ја доделува традиционално секоја година во чест на празникот на градот 7 ми ноември.

Во образложението стои дека со оваа награда   демиркапијци сакаат да и се заблагодарат на  “Тика“ која во изминатиот период додели  донација во висина од околу 50 илјади евра за изградба на ново четиригодишно основно училиште во демиркапиското село Челевец.Таа е формирана пред дваесет години и работи на три континенти поточно Африка, Азија и Европа и обезбедува асистенција во повеќе области. Основна задача на ТИКА е да утврдува проекти и програми за помош и развој на соработката со странство во економијата, техниката, трговијата, туризмот, социјалната заштита, културата, образованието и медиумскиот сектор.

 

Турските донации го поддржуваат развојот а проектот за ново училиште во демиркапиското село Челевец на Турската администрација за соработка и развој „Тика„ во Македонија е прогласен за најуспешен,па затоа годинава ја доби високата награда на општината.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.