ФОТО: Во Демир Капија одржан натпревар во најдобро јадење
Објавено на 13 февруари, 2014 во 13:28
Во Демир Капија продолжуваат активностите по повод празникот Свети Трифун со натпревари во најдобро подготвени традиционални јадења.На истиот зедоа учество 25 натпреварувачи во традиционално јадење.
Членовите на жири комисијата во состав Благородна Јанкова ,Сузана Ефтимова и Виктор Бојков вршеа дегустација на вкусно подготвените јадења по што ги прогласија победниците .
Во традиционално јадење првото место го освои Весна Јованова, второто место и припадна на Сузана Мешкова додека третото место и беше доделено на Весна П. Јованова.На сите учесници им беа доделени благодарници и мали подароци со симбол на Свети Трифун додека наградите на победниците ке им бидат доделени утре на централната прослава во чест на празникот./Б.Н.Т