Двајца велешани тешко повредени во сообраќајна незгода
Објавено на 15 јуни, 2022 во 15:55
Патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки управувано од триесет и седум годинишниот А.М од Велес, вчера, 14 јуни, излетало од коловозот. Сообраќајната незгода се случила на автопатот Скопје – Велес кај надвозникот што води кон село Бадар.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката О.Х.А.(39) од Велес, констатирани во компекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пишува во дневниот билтен на Министерство на внатрешни работи.
Оттаму информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Скопје.
Стефани Манева