Две тепачки во Кавадарци
Објавено на 25 октомври, 2021 во 11:05
Во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, ноќеска, четириесет и три годишниот Ѓ.К пријавил дека 10 минути по полноќ, во угостителски објект во Кавадарци бил физички нападнат од две години помладиот С.В.
Во текот на вчерашниот ден, на 24 октоври, полициски службеници од Полициска станица Кавадарци во 17:20 часот, го лишеле од слобода триесет и три годишниот С.Ч од Кавадарци бидејќи физички ја нападнал неговата триесет и едно годишна сопруга.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Стефани Манева