Физички нападнат педесет и девет годишен жител на Градско
Објавено на 24 ноември, 2022 во 11:47
Жител на Градско бил физички нападнат од свој сограѓанин. Настанот се случил вчера на депонијата, лоцирана во близина на локалниот пат Градско – Д.Чичево.
Педесет и девет годишниот Б.Б, случајот го пријавил во полициска станица.
Оттаму информираат дека оштетениот бил нападнат од страна на лице со иницијали Б.М, исто така од Градско.
Според Сектор за внатрешни работи Велес во моментов се превеземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Дума.мк
Дума.мк