Физички нападнати полицајци во Демир Капија и Кавадарци
Објавено на 27 ноември, 2023 во 11:15
Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека во текот на вчерашниот ден, седумдесет и пет годишниот К.Т од Демир Капија, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници затоа што физички нападнал полицаец којшто извршувал службени дејствија.
Исто така, во Кавадарци, дваесет и пет минути по полноќ биле лишени од слобода четириесет годишниот Б.Ц и три години помладиот Д.Н од Кавадарци. Како што соопштија од СВР Велес, тие го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување и Д.Н потоа физички нападнал полицаец којшто извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на двата случаи против тројцата мажи ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк