(фото и видео) Учениците од ООУ „Блаже Конески“ беа домаќини на првиот регионален Саем за наука
Во поливалентниот простор на велешкото училиште „Блаже Конески“, денеска, беше организиран првиот регионален Саем за наука. Ученциците од шесто одделение имаа можност да видат многу интересни и брзи научни експерименти, да гледаат на микроскоп но и да проследат интересна едукативна драматизација на тема наука.
Наставничката Ружица Петрушевска – Николовска по наука и биологија е организатор на саемот и во претходниот период била дел од дводневна работилница за ефективна настава по природни науки иницирана од општествената организаија „Македонија2025“.
-Особена чест и задоволтво имаме што сме домаќини на првиот регионален Саем за науки кој е дел од проектот „Науката и јас“ под поткровителство на општествено одговорната компанија „Џонсон Мети“ со дозвола на Министерство за образование и наука и бирото за развој. Целта на нашиот саем е учениците преку истражувачки активности, експерименти и иновативности подобро и поквалитетно да учат, да се запознаат со знаењата и развивањето на вештини од областа на природни науки, додаде Петрушевска – Николовска.
На почетокот на саемот свое обраќање имаше и извршната директорка на „Македонија2025“, Никица Мојсоска Блажевски, која пред присутните ученици напомена дека овој саем е со мотивирачки карактер за тие да станат идни научници.
Директорот на училиште Јованче Манасков истакна дека му претставува особена чест што токму училиштето „Блаже Конески“ е домаќин на првиот саем за наука.
Во продолжение пред учениците се обрати и преставничка од „Џонсон Мети“ и накратко им објасни зошто ја избрала науката за своја работна професија.
На саемот свое претставување имаа учениците од шесто одделение од „Ванчо Прке“ од Штип со ментор наставник Мартина Трајковска Бојков, потоа од училиштето „Алија Авдовиќ“ од Батинци со ментор наставник Џенан Ризвановиќ, ученици од „Климент Охридски“ од Облешево со ментор наставник Наталија Георгиевска, потоа од „Методи Митевски-Брицо“ од Лозово со ментор наставник Валентина Витева како и домаќините ООУ „Блаже Конески“ под менторство на наставничката Ружица Петрушевска – Николовска.
Во наредниот период ќе бидат организирани уштре три саеми за наука во други градови во државата.
Стефани Манева
фото галерија: