(фото) Се судрија две патнички возила кај Башино Село

Објавено на 27 јуни, 2023 во 12:00

Со лесни повреди се здобиле четворица патници кои вчера, околу 19:45 часот, учествувале во сообраќаја незгода којашто се случила на раскрсницата кај влезот на Башино Село.

Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека сообраќајната незгода се случила помеѓу две патнички моторни возила од кое едно со странски регистарски таблички од Италија.

Од двете возила, повредени биле четири лица кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Велес. Портпаролот на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова соопшти дека по направените прегледи, не се констатирани тешки повреди и лицата се пуштени на домашно лекување.

Од Сектор за внатрешни работи Велес додадоа дека на лице место од нивна страна бил извршен комплетен увид.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.