(фото) Средношколци од Велес дебатираа, се едуцираа и забавуваа на работилницата „Излези од кола, качи се на точак“

Објавено на 18 септември, 2023 во 14:48

Околу 40 ученици од средните училишта од Велес, денеска, беа дел од  работилница насловена „Излези од кола, качи се на точак“ којашто е организирана во склоп на Европската недела на мобилност.

Присутен на настанот беше и Амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е Хозе Луис Лозано Гарсија којшто заедно со младите дебатираше за важноста на велосипедите како превозно средство, зошто треба да се користат и кои се придобивките од користење на велосипед. Учениците даваа разни примери но дел од нив споделија дека живеат на повисоки места во градот и возењето велосипед во зимски временски услови им претставува потешкотија.

Средношколците имаа можност да се запознаат и со активностите коишто се спроведуваат во Шпанија за време на Европската недела на мобилност. Исто така, дебатираа и за мобилноста како и здравиот начин на живеење.

На самиот крај, поделени во пет различни тимови учениците решаваа квиз на којшто требаше да погодат збор кој асоцира на мобилност и здрав живот.

Овој настан се одржа во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во соработка со Младински центар Велес.

Инаку, Амбасадата на Кралството Шпанија донираше пилатес топки коишто неговата екселенција, амбасадорот на кралството Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија денеска ги предаде во ОЈУ Детската градинка „Димче Мирчев“. Дечињата од градинката преку песна и игра се заблагодарија за поддршката и неговото присуство.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.