Гори и жито во пожар над село Уланци, крај Градско

Објавено на 23 јуни, 2024 во 18:59

Регионалниот Центар за управување со кризи Велес извести за пожар на отворен простор во атарот на село Уланци, во Општина Градско. Интервенира Територијалната противпожарна единица Велес со четири пожарникари и едно противпожарно возило. Зафатена е површина со сува трева и жито. 

Дополнително е побарана помош од страна на ТППЕ Велес со уште една екипа од четири пожарникари и едно противпожарно возило. Вкупно на терен интервенираат осум пожарникари со две ПП возила.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.