Градоначалникот Колев предаде донација вредна 125 илјади денари од хуманитарниот Божикен концерт на Детско одделение во велешка Општа болница (фото и видео)

Објавено на 24 февруари, 2025 во 14:59

Медицински апарат за дозирано аплицирање на терапија кај децата, од новороденчиња до 15 годишна возраст, којшто лежат или пак се на дневна болница и три телевизори денеска предаде Градоначалникот Марко Колев на Детското одделение на Општа болница Велес. Донацијата чини 125 илјади денари и е собрана од влезниците на божиќниот концерт на кој настапи Сара Мејс којшто се одржа во велешки Театар „Јодран ХК Џинот“.

Дума.мк, исто така, го прашаше градоначалникот колку Општина Велес ја плати Сара Мејс на што Колев одговори 300.000 денари и неможеше ли нејзиниот настап да биде хуманитарен се со цел и тие финансиски средства да бидат подарени во поголема донација на велешка Општа болница.

Началничката на Детско одделение, д-р Елена Ангеловска ја прими донацијата и објасни подетално за каква намена е.

Општина Велес ќе востанови традиционално одржување на Божикен концерт се со цел да се помага на здравствените институции и граѓанскиот сектор. Годинава партнери на општината во организацијата, собирањето на парите од влезници и просторот за одржување на концертот беа велешки Црвен Крст и Народен театар „Јордан ХК Џинот“.  

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.